Македонскиот фудбалер треба да донесе одлука

Алиоски е слободен играч, му истече договорот со Лидс

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски од денеска е слободен фудбалер, нема договор со Лидс.

Со завршувањето на јуни, заврши договорот меѓу Езгјан Алиоски и Лидс, нашиот фудбалер сега е слободен играч.

Понудата од Лидс до Алиоски за продолжување на договорот се уште е на маса, тој наскоро треба да реши дали ќе стави потпис на нов договор со англискиот клуб и ќе остане во Премиерлигата или ќе замине во друга земја.

Интерес за Алиоски има од Турција, кадед се поврзуваше со Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.

Но се пишуваше дека за него има интерес и од ЦСКА Москва, Селтик...

Иднината на Алиоски се очекува да биде решена во брзо време, останува да видиме која ќе биде неговата следна дестинација.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе