Крај на долгиот пост

Алиоски е првиот Македонец со гол во Премиерлигата по 22 години (ФОТО)

Езгјан Алиоски вечерва го постигна својот деби гол во најсилното првенство на Англија и стана првиот Македонец по Ѓорѓи Христов (1998) година кој се запишал во листата на стрелци во Премиерлигата.

Лидс и Њукасл одиграа возбудлив натпревар со седум погодка, домаќините славеа со 5-2 а еден од стрелците беше и нашиот Езгјан Алиоски. Популарниот Џани погоди на пет минути пред крајот и го постигна својот деби погодок во најсилното првенствто на Англија.

Со ова беше ставен крај на долгиот пост од 22 години, Езгјан Алиоски стана првиот Македонец по Ѓорѓи Христов (1998 година) кој се запишал во листата на стрелци во Премиерлигата.

Интересно и тој гол падна на „Иланд роуд“, тогаш Ѓорѓи Христов во дресот на Барнли ја затресе мрежата на Лидс.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе