Премиерлига

Алиоски дебитираше во Премиерлигата, победа на Лидс над Фулам (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец ги одигра првите минути во Премиерлигата, а Лидс дојде до три бода откако го совлада Фулам со 4-3. 

Алиоски во игра влезе во 70. минута, македонскиот фудбалер имаше една добра шанса, но голманот на Фулам го одбрани неговиот удар.
 
Лидс одлично го почна мечот, Кошта уште во петтата минута постигна убав гол за водство од 1-0.
 
Во 33. минута Кох направи непотребен прекршок за пенал по кој Фулам преку Митровиќ израмни на 1-1. 
 
Но само шест минути подоцна слична ситуација и на спротивната страна, овој пат пеналот за Лидс го погоди Клих и го врати водството на домаќините.
 
Лидс имаше уште подобар старт на вториот дел, Бамфорд во 50. минута зголеми на 3-1, а седум минути подоцна Кошта со својот втор гол донесе водство и од 4-1.
 
Сепак Фулам не се предаде и покрај големата негативе, Рид во 62. минута намали на 4-2, а Митровиќ брзо потоа погоди за 4-3. Но до крајот на мечот Лидс успеа да го задржи водството и да ја оствари првата победа сезонава.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе