Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски стартуваше на уште еден меч во Премиерлигата, овој пат на Стемфорд Бриџ протиц Челси, тој одигра до 70 минута кога беше заменет со Родриго.
Лидс против фаворит почна како од соништата, поведе со гол на Бамфорд уште во четвртата минута од натпреварот.
Челси по неколку промашени шанси, особено една на Вернер, изедначи со гол на Жиру во 27. минута од мечот.
По 15 минути игра во второто полувреме Зума реализираше со глава за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.
Пред самиот судиски свиреж, по една контра, Вернер асистираше до Пулишиќ кој постигна гол за конечни 3-1.
Челси сега е лидер на табелата со 22 бода, но утре може да биде симнат од тоа место ако Тотнем или Ливерпул победат во своите натпревари.