Серија А

Алексис Санчез со два гола го предводеше Интер до победа над Парма и +6 на врвот (ВИДЕО)

Интер тримфираше со 1-2 на гостувањето кај претпоследно пласираната Парма, Алексис Санчез ги предводеше „нероаѕурите" до нови три бода

Интер му побегна на Милан на +6, избраниците на Конте го искористија киксот на градскиот ривал и се зацврстија на врвот на табелата.

Вечерва „нероаѕурите“ со 1-2 триумфираа на гостувањето кај Парма. Алексис Санчез го отвори резултатот во 54. минута. Една топка од Лукаку случајно дојде до Чилеанецот, кој биеше силно, Сепе одбрани но топката ја помна гол линијата.

Во 62. минута Лукаку отвори контра, го проигра Санчез, кој по земја го матираше Сепе за 0-2.

Ернани во 71. минута ја затресе мрежата на Интер и најави интересна завршница, но Парма не успеа да го изненади фаворитот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе