Италијанските медиуми најавуваат враќање на Македонецот во Италија

Александар Трајковски се сели кај Пандев во Џенова?

Александар Трајковски можно е да се врати во Италија откако не се снајде најдобро во Шпанија, се шпекулира дека Џенова се интересира за него. 

Трајковски ретко добива шанса за настап во Мајорка иако тие играат во втората шпанска лига, но тој импресионираше на мечевите на македонската репрезентација па го привлече вниманието во Италија каде што е добро познат.
 
Весникот од Џенова „Секоло XIX“ тврди дека Балардини посакува раководството на клубот да му го донесе Трајковски како летно засилување.
 
Не се очекува Мајорка да бара големо обесштетување бидејќи Трајковски не игра, а добива плата од околу 600.000 евра годишно, па со негово заминување ќе можат да ја пренаменат оваа сума за нов фудбалер.
 
Ако Трајковски потпише за Џенова, се уште не е јасно дали ќе му биде соиграч на Пандев бидејќи не се знае дали капитенот на Македонија ќе стави крај на кариеирата или ќе продолжи уште една сезона. Како и да е, се очекува Пандев да биде во клубот и откако ќе престане да игра фудбал, има понуда за функција во Џенова.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе