Тренерот на Јуве им се обрати на критичарите

Алегри: Што повеќе да направам?

По синоќешната голема победа против Атлетико Мадрид, тренерот на Јувентус, Масимо Алегри имаше што да им каже на оние кои го критикуваат.

Јувентус синоќа оствари фантастичен резултат со доминантна игра против Атлетико Мадрид, надополни негатива од 2-0 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

И покрај добрите резултати кои ги остварува, Алегри е мета на некои критичари кои се сомневаат во неговите тренерски способности.

„Тие кои критикуваат не се мој проблем, тоа нивни проблем. Што повеќе треба да направам? За пет години освоив четири и три-четвртини Скудета, два пати игравме во финале од Лигата на шампионите, четири пати го освоивме Купот на Италија“, вели Алегри.

„Што повеќе да направам? Тие се тие на кои им треба третман, не мене. Во секој случај, критиките можат да бидат поучни, и мене ми е забавно“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе