Пирло е пред отказ

Алегри се враќа во Јувентус, Роналдо ќе биде жртва на револуцијата која ја подготвува тренерот?!

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Масимо Алегри е кандидат за наследник на Андреа Пирло, стратегот е подготвен да се врати и да започне нов проект кој ќе го гради околу Пауло Дибала.

Макс Алегри во 2019 доби отказ од Јувентус, стратегот сметаше дека се потребни големи промени во составот, раководството мислеше дека се доволни две-три нови имиња, па по состанокот со Андреа Ањели, пристигна вест дека стратегот добил отказ.

Иако неговото име се поврзуваше со голем број на клубови, Макс Алегри не најде нов клуб а последните информации велат дека тој летоска би можел да се врати на кормилото на „старата дама“.

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Макс Алегри е кандидат за наследник на Андреа Пирло, кој сигурно нема да продолжи доколку Јувентус остане без настап во Лигата на шампиони.

Газета дело Спорт пишува дека раководството на Јувентус сега го гледа Макс Алегри како правиот човек кој ќе го врати клубот на победнички патеки.

Весникот додава дека евентуално враќање на стратегот ќе значи и големи промени во составот, најверојатно ќе замине Кристијано Роналдо, a тимот ќе се гради околу Пауло Дибала.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе