Тренерот на Јувентус потврди дека ЦР7 го напушта клубот

Алегри: Роналдо заминува од Јувентус, не знам зошто се предомисли

Макс Алегри потврди дека Кристијано Роналдо заминува од Јувентус, стратегот вели дека не знае зошто се предомислил Португалецот и додава дека клубот е поголем од сите нив.

Пристигна официјална потврда на она што се пишуваше изминативе денови, Кристијано Роналдо става крај на авантурата во Јувентус. Макс Алегри на денешната прес конференција потврди дека ЦР7 заминува од Торино.

„Разговарав синоќа со Роналдо и тој ми кажа дека нема намера да остане. Денеска не тренираше и нема да добие повик за дуелот со Емполи. Не сум разочаран, сака да го напушти Јувентус и донесе одлука. Даде голем допринос изминативе три години, но животот продолжува. Ова е нормално, си заминаа играчи како Сивори, Платини, Дел Пјеро, Буфон... сите големи шампиони, но Јувентус остана, клубот е поголем од сите“ – вели Макс Алегри.

Пред само седум дена, тренерот на Јувентус изјави дека Кристијано Роналдо останува, па сега беше запрашан што се променилo, и дали влијаело тоа што напаѓачот беше резерва против Удинезе.

„Мислам дека тоа што беше на клупата против Удинезе нема никаква врска. Во саботата го известив дека ќе почне на клупата, ми одговори дека го прифаќа мојот избор и дека ќе остане. Но трансфер пазарот е непредвидлив, ситуацијата се промени и мораме да ја прифатиме. Само тие што сакаат да останат ќе бидат тука“.

Кристијано Роналдо изминативе три сезони постигна преку 80 погодоци во Серија А, па Алегри беше запрашан дали ќе може да биде надополнето ова.

„Роналдо е голем шампион му посакувам се најдобро, можеме само да му се заблагодариме. Другите играчи сега ќе треба да истапат и да ги надополнат головите, играчи како Дибала, Мората, Кулушевски, Киеза, Мекини, Рабио и Бернардески“.

Запрашан кој играч ќе биде донесен како наследник на ЦР7, Алегри вели: „Има уште три-четири дена од трансфер пазарот. Доколку најдеме фудбалер кој може да го подобри составот, ќе го ангажираме. Во спротивно, никој нема да пристигне. Кин беше дел од Јувентус, но тој сеге игра за друг клуб и нема да зборувам за конкретни имиња“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе