Стратегот и Јувентус се разделуваат по крајот на сезоната

Алегри: Пред еден месец добив збор дека останувам, но во четвртокот ми беше јасно дека заминувам!

Макс Алегри ја прокоментира одлуката за разделба со Јувентус по крајот на сезоната, вели дека пред еден месец добил збор дека останува но во четвртокот му станало јасно дека мора да замине.

По пет години поминати во Торино, Макс Алегри го напушта кормилото на „Старата дама“. Одлуката за разделба беше соопштена во петокот, но стратегот вели дека уште во четвртокот вечерта му станало јасно дека мора да замине и покрај тоа што пред еден месец добил збор дека останува.

„Зборував со претседателот по мечот со Ајакс, имавме планови да продолжиме, но работите се променија потоа. Во петокот ми беше кажано за одлуката. Кога го напуштив состанокот во четвртокот навечер знаев дека нема да бидам веќе тренер на Јувентус. Не ми беше кажано тогаш, едноставно знаев“, изјави Алегри.

„Нема да земам одмор, идејата сега е да најдам проект кој ќе ми се допадне и да продолжам да работам. Животот е полн со изненадувања и морате да бидете подговени за сè“.

„Не знам кој ќе биде новиот тренер на Јувентус, но мислам дека клубот ќе го направи најдобриот избор за тимот да продолжи да победува“.

Синоќа од навивачите на Јувентус се прости и Барзаљи кој ја завршува кариерата. А на стадинот беа и Џиџи Буфон, Фернандо Љоренте како и новото засилување Арон Ремзи. Јувентус го доби Скудетото.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе