Серија А

Алегри: Ова беше голема победа, продолжуваме да се качуваме на табелата

По лошиот старт на сезоната, Јувентус влезе во серија победи, а синоќа со 1-0 го доби и дербито против Рома.

Тоа беше тежок и изедначен натпревар по кој Јувентус благодарение на еден случаен погодок на Кин се радуваше на многу значајни три бода.

„Ова е важна победа, уште еден чекор нагоре на табелата и прогрес на тимот. Ни недостасуваа Дибала, Де Лихт, Рабио, Мората влезе при крајот, но кога сите играат со тој дур, не можеме да примиме многу голови“, вели Алегри.

„Во вистинско време почнавме да го успоруваме натпреварот, но кога беше потребно забрзувавме. Шчесни имаше грешки оваа сезона, но сега повторно му го дава тоа на тимот што му треба“.

„Знаевме дека ќе биде тешко. Рома можеби заслужи реми, но ова се натпревари кои зависат од мали детали и за среќа овојпат тие беа на наша страна. Рома одигра добро и според мене тие се еден од најдобрите тимови во лигата“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе