Според италијанските медиуми

Алегри не се враќа во Јуве затоа што се договорил со Манчестер јунајтед?

Макс Алегри се поврзува со враќање во Јувентус, но последните информации велат дека тој веќе има договор со клуб од Премиерлигата, најверојатно Манчестер јунајтед. 

Според информациите од Италија, Масимо Алегри има договор со голем клуб од Англија, се уште не е познато за кој клуб се работи, но најчесто неговото име се поврзуваше со Манчестер јунајтед.

Порад неколкуте лоши резултати се шпекулираше дека Алегри може да се врати на тренерската позиција во Јувентус.

Но, „Кориере дело Спорт“ тврди дека тоа нема да се случи бидејќи Алегри веќе изразил верност кон голем клуб од Англија.

Се верува дека Алегри не би прифатил работа во клуб од Англија надвор од најдобрата шестка. А најблиску до тренерска смена од тие клубови е Манчестер јунајтед.

На Солшер не му оди, некои сметаат дека доби и поголем кредит од раководството отколку што заслужи. Тие јавно му даваат поддршка, но се верува дека зад неговиот грб бараат нов тренер, ништо чудно веќе да имаат договор со Алегри кој би го превземал кормилото по крајот на сезоната.

Доколку не го освои трофејот во Лигата на шампионите, можно е и Пеп Гвардиола да го напушти Манчестер Сити, но тоа е помалку веројатно.

Се верува дека позициите на Клоп, Мурињо, Лампард и Артета се сигурни.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе