Давид Албелда и Роналд Куман не се мирисаат, недоразирањата се стари 13 години кога Холанѓанецот седна на клупата на Валенсија и го прешкрта Шпанецот, кој важеше за симбол на клубот.
Поранешниот фудбалер сега одново е актуелен, или поточно, на социјалните мрежи се споделува еден негов твит за Роналд Куман од 2014.
„Гледам дека луѓето многу зборуваат за Куман. Се надевам дека еден ден тој ќе ја предводи Барселона, Ла Лига ќе биде поизедначена“ – напиша Давид Албелда.
Hoy veo a gente hablar de Koeman. Ojalá algún día entrene al Barcelona así se igualaría algo la liga.
— david (@dalbelda) January 9, 2014
Давид Албелда сакаше да каже дека со Роналд Куман на кормилото, Барселона ќе игра под очекувањата и можностите, и нема да доминира.
Се чини дека неговото предвидување се исполни, Барселона по десет кола во првенството има дури четири порази и го има најлошиот старт во последните 32 години.
„Каталонците“ заостануваат 12 бода зад лидерот Атлетико Мадрид, а потфрлија и во Лигата на шампиони, каде по поразот од Јувентус на домашен терен, го освоија второто место во групата и ги чека тешка ждрепка за осминафинале со потенцијални ривали како Баерн Минхен, Манчестер Сити, Ливверпул, Челси, ПСЖ и Борусија Дортмунд.