Скандалозна изјава на портпаролката на Фудбалската федерација на Албанија

Албанците сонуваат за обединета „сеалбанска“ фудбалска репрезентација

Светското фудбалско првенство го разгоре национализмот на Балканот, кој и онака никогаш целосно не згасна. Последната контроверзна изјава пристигнува директно од албанската Фудбалска федерација. 

Швајцарија ја победи Србија со 2-1, головите ги постигнаа Гранит Џака и Џердан Шаќири и ги прославија „летајќи“ двоглави орли. Потег што наиде на воодушевување кај националистите Албанци и згрозеност кај останатите.
 
Меѓу тие што се израдуваа на потегот на двајцата швајцарски репрезентативци е и портпаролката на Албанската фудбалска федерација, Јоана Дервиши, која во интервју за локална телевизија во Приштина даде скандалозна изјава.
 
„Тоа не беше нормален натпревар, тоа беше меч за гордеење. Албанските орли се скриени под прекривката наречена Швајцарија, но успеаја да се издигнат и да полетаат и на таков начин да ѝ пратат порака на Србија дека се бориме за мир, а не за војна“, изјавила Дервиши.
 
„Длабоко во срцето верувам дека еден ден ќе играме под едно знаме и дека сите наши фудбалери ќе бидат од илирскиот полуостров, од Албанија, Македонија, од Прешевската долина“.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе