Не издржа ниту седум месеци

Алардајс доби отказ од Евертон и стана побогат за 6 милиони фунти

Сем Алардајс не ги задоволи вкусовите на фановите и управата на Евертон па искусниот стратег утрово доби отказ со кој стана побогат за 6 милиони фунти

Искусниот стратег го превезеде Евертон во ноември и стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2019. И покрај тоа што „Карамелите“ напредуваа на табелата под негово водство, фановите имаа замерки за стилот на игра кој го негува Сем Алардајс.

Утробо популарниот Биг Сем имал средба со главниот акционер на клубот, Фархад Мошири и му било соопштено дека не е дел од долгорочниот план на Евертон.

Можеби авантурата за Сем Алердајс на Гудисон Парк не помина добро на спортски план, но се покажа како прилично лукративна. Со отказ доби и убава исплата од 6 милиони фунти, а ако се додаде и платата од 3 милиони футни, за нешто помалку од седум месеци работа тој си лапна 9 милиони фунти.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе