Не го заборава лутото ривалство

Алан: Моите деца го обожаваат Роналдо ама дома никако не смее да има дрес од Јувентус

Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Алан вели дека неговите деца го обожаваат Кристијано Роналдо но поради големото ривалство помеѓу Наполи и Јувентус, во неговиот дом е забранет дресот на „старата дама".

Бразилецот беше пет години дел од Наполи, очигледно овој клуб има посебно место во неговото срце па Алан на своите деца им забранил дресови на Кристијано Роналдо од Јувентус.

„Мојот Син (Мигел) обожава фудбал, постојано гледа натпревари, секогаш е во дрес на Евертон или дрес на некој мој поранешен клуб. Тој ми е најголемата мотивација, заедно со мојата ќерка дома“ – вели Алан.

„Тие се големи фанови на Кристијано Роналдо, го обожваат, па имаме дресови на Роналдо. Сепак, не е дозволено дома да имаме дрес на Роналдо од Јувентус бидејќи се големи ривали на Наполи. Па можете да замилите, по дома имаме многу дресови на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид“.

„Видете, ова е нормално. Децата секогаш сонуваат за постигнување голови и ги идолизираат напаѓачите, мојот син не е исклучок“.

Алан неодамна се ишиша „лустер“ во знак на солидарност со неговиот 9 годишен син Мигел кој боледува од алопеција и опаѓање на косата.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе