Имало вжештена дискусија

Алаба побарал плата од 20 милиони евра, Салихамиџиќ му порачал: Во кој свет живееш?

Според пишувањата на Билд, преговорите помеѓу Баерн Минхен и Давид Алаба за продолжување на соработката се во прекин еден месец, двете страни не разговарале по вжештената дискусија на крајот од јуни.

Давид Алаба ја одработува последната година од договорот, па првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ на крајот од јуни ги поканиле на средба таткото на фудбалерот и неговиот агент Пини Захави.

Состанокот се одржал во елитниот ресторан Богенхаузер Хоф, и дискусијата за брзо време се вжештила. Румениге и Салихамиџиќ останале шокирани кога Пини Захави им пренел дека Давид Алаба бара 20 милиони евра плата за да остане верен.

Салихамиџиќ во прв момент останал воздржан и порачал дека ваква сума е незамислива во овој момент, односно коронавирус кризата.

Пини Захави потоа почнал да зборува за приходите и милионите кои ќе ги заработи Баерн во иднина, па спортскиот директор бурно реагирал и го прашал: „Во кој свет живееш ти?“  и „Дали навистина веруваш во работите кои ги кажуваш?“

За пари повеќе не се зборувало на состанокот, исто така, двете страни речиси еден месец немаат разговарано за новиот договор, но Румениге бил импресиониран од начинот на кој популарниот Брацо реагирал и се поставил во преговорите.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе