Наскоро треба да донесе одлука за својата иднина

Алаба ги пореметува плановите на Реал со условот кој го поставил

Според пишувањето на Ле Паризиен, Давид Алаба им поставил еден услов на Реал Мадрид и ПСЖ, фудбалерот од Австрија бара да игра во средниот ред.

Давид Алаба е едно од неколкуте звучни имиња кои летоска ќе бидат слободни играчи. Австриецот пред неколку недели официјално потврди дека го напушта Баерн Минхен и додаде дака наскоро ќе ја донесе одлуката за следната дестинација.

Се верува деак Реал Мадрид е главен фаворит, но другите клубови не губат надеж, а еден од нив е ПСЖ.

Според пишувањата на Ле Паризен, Давид Алаба им поставил еден услов. Фудбалерот од Австрија бара гаранции дека ќе игра во средниот ред.

Тој кариерата ја почна како лев бек, потоа беше прекомандуван во централниот дел на дефанзивата а по потреба играше и во средниот ред.

Во Реал Мадрид го гледаат како нов столб во одбраната со оглед на тоа дека е неизвесна иднината на Серхио Рамос, кој ги одработува последните месеци од договорот и никако не може да најде согласност со Флорентино Перез за продолжување на соработката.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе