Шеикот нема да се штеди за најдобриот фудбалер на планетата

Ако замине беспари од Барса, Лео Меси од Манчестер Сити ќе добие неверојатни 750 милиони евра!?

Според пишувањата на Спорт, Манчестер Сити му нуди огромно богатство на Лео Меси, Аргентинецот ќе добие половина милјарда евра за пет години, плус и бонус од неверојатни 250 милиони евра.

Лео Меси бара за беспари да си замине од Камп Ноу ова лето, и се верува дека веќе го има одбрано Манчестер Сити како следна дестинација.

Доколку Аргентинецот успее да се ослободи од последната година од договорот со Барселона, ќе добие огромно богатство за преселбата на „островото“.

Според пишувањата на Спорт, на Лео Меси му е ветена бруто плата од 100 милиони евра, или половина милјарда евра за пет години. Иако договорот е за пет години, напаѓачот во Манчестер ќе помине само три, а останатите две во Њујорк Сити.

По преселбата во САД, Аргентинецот ќе „лапне“ и бонус од неверојатни 250 милиони евра. На ваков начин, Манчестер Сити ќе ги заобиколи правилата за Финансиски фер плеј и можна казна од УЕФА.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе