Фотката што се чекаше со месци

Ако претходно не беше официјално, сега е: Меси стави потпис на новиот договор (ФОТО)

Повеќе нема дилема околу иднината на Лео Меси, Аргентинецот попладнево стави потпис на документите па тој со сигурност останува во Барселона барем до 2021

Барселона уште пред неколку месеци соопшти дека има согласност со Лео Меси за нов договор со трајност до 2021.

Но никогаш не пристигна протоколарната фотка на која претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и Лео Меси ги потпишуваат документите, па медиумите почнаа да шпекулираат дека на повидок е разделба.

Лидерите на Барса постојано нагласуваа дека договорот е валиден бидејќи таткото на Лео Меси, кој има овластување, ги потпишал документите, но тоа не им значеше многу на медиумите кои инсистираа дека Лео Меси веќе во јануари може да се договори со друг клуб.

Сепак, во иднина повеќе нема да има дилема, Лео Меси попладнево се појави покрај Жозеп Мариа Бартомеу и удри параф на документите, па тој и официјално сега е обврзан кон Барса до 2021.

Медиумите од Шпанија исто така пишуваат дека Барселона поучена од случајот на Нејмар, сега ја поставила откупната клаузула на Лео Меси на високи 700 милиони евра, иако кога беше најавен новиот договор пред три месеци таа изнесуваше двојно помалку, односно 300 милиони евра.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе