Погоди по само 120 секунди откако влезе во игра

Ако не сака од прва може од втора, Алиоски го прекина голгетерскиот пост (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски погоди за Лидс по пауза од речиси три месеци, Македонецот со доза на среќа успешно реализираше една брза контра на неговиот тим против Дерби

Популарниот Џани го запиша својот шести погодок во Чемпионшип оваа сезона, но прв од ноември месец минатата година. Македонецот вечерва ја затресе мрежата на Дерби по само две минути откако доби шанса во второто полувреме.

Езгјан Алиоски со доза на среќа успешно реализираше една брза контра која ја започна Саиз. Репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ се најде осамен пред противничкиот гол, но лошо биеше по средината и право во голманот. Сепак, одбиената топка му се намести на глава и од втора не можеше да промаши.

Но овој погодок не беше доволен за Лидс да слави, Дерби стигна до изедначување во завршните мигови од средбата.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе