Федерацијата донесе одлука

Ако коронавирусот пак ја стопира Серија А, ќе се игра плеј-оф за титулата

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека разигрување за титулата е опција доколку Серија А повторно биде стопирана поради коронавируост, може да дојде и до целосен прекин и одредување на исходот на табелата со примена на објективен коефициент за корекција.

По последниот декрет на владата на Италија, ФФИ денеска имаше состанок на кој даде зелено светло за продолжување на фудбалот во Серија А, Серија Б и Серија Ц, како и прекин на Серија Д.

Првите три лиги во Калчото добија рок до 20. август за финиш на сезоната. Доколку коронавирусот одново го стопира фудбалот, Фудбалската федерација на Италија предвидува плеј-оф мечеви за титулата, како и за позициите кои ќе носат испаѓање, односно промоција.

Доколку нема услови за одигрување ниту на овие натпревари, тогаш ќе биде одреден конечен исход на табелата со примена на објективен коефициент за корекција.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе