Јувентус

Ако Јуве загуби од Наполи, Пирло ќе добие отказ, кој би можел да биде неговиот наследник?

Според „Спортмедиасет“ дербито против Наполи би можело да биде последен натпревар на Пирло како тренер на Јувентус, па нова тема на Апенините е кој би бил негов наследник. 

Доколку Јувентус загуби од Наполи во среда, Пирло ќе добие отказ, тоа го тврдат италијанските медиуми.
 
„Ла Република“ објави дека доколку Пирло добие отказ пред да заврши сезоната, неговиот помошник Игор Тудор ќе биде назначен за привремен тренер, а паралелно ќе се бара нов шеф на стручниот штаб кој би почнал со работа по крајот на оваа сезона.
 
Масимо Алегри се посочува како можен наследник, но проблем е неговиот нарушен однос со Павел Недвед и Фабио Паратичи кои го отпуштија по крајот на сезоната 2018-19.
 
Алегри се уште е во добар однос со претседателот на клубот, Андреа Ањели со кои беше виден на вечера изминатиов викенд.
 
„Спортмедиасет“ тврди дека фановите на Јувентус сонуваат за доаѓање на Зинедин Зидан.
 
А кандидати за наследник на Пирло се и Џан Пјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе