Манчестер Сити

Аке: Татко ми почина само неколку минути откако го дадов мојот прв гол во ЛШ

Нејтан Аке синоќа го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, а неколку минути подоцна починал неговиот татко. 

Аке синоќа беше стрелец во победата на Манчестер Сити над Лајпциг од 6-3, тоа беше прв погодок за него во Лигата на шампионите.
 
Дефанзивецот на Сити сега открива дека неколку минути откако го постигнал погодокот, починал неговиот болен татко. Погодокот му го посвети нему.
 
„Изминатите неколку недели беа најтешки во мојот живот, мојот татко беше многу болен и веќе не беа возможни третмани. Бев среќен што имав голема поддршка од мојата вереница, фамилијата и пријателите. Синоќа го постигнав мојот прв гол во Лигата на шампионите и само неколку минути подоцна тој починал мирно додека мојата мајка и брат ми биле покрај него. Можеби така требаше да биде, гледањето како играм го правеше секогаш горд и среќен. Знам дека секогаш си со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и ова беше за тебе тато“, напиша Нејтан Аке.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nathan Aké (@nathanake)

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе