„Кралевите“ ја добија контролката со Салцбург

Акција во три потези и мајсторија на Азар, Белгиецот со деби гол донесе победа за Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доби пријателскиот натпревар против Салцбург со минимални 0-1, стрелец на единствениот гол беше Еден Азар, за кого ова е деби погодок во дресот на „кралевите".

Еден Азар го постигна голот првенец за Реал. Белгиецот погоди по една соло акција на пријателскиот натпревар против Салцбург.

По една контра и акција во три потези, Куртоа го проигра Бензема, кој пак гоиспрати Еден Азар во фор, за Белгиецот убаво да се ослободи од двајца противници и од врвот на шеснаесетникот биеше за 0-1 во 19. минута од мечот.

Зинедин Зидан за оваа контролка се реши да испроба нова тактика и настапи со формација 3-5-2. Во одбраната порај Рамос и Варан шанса доби новото засилување Милитао.

Натпреварот против Салцбург беше првиот на кој избраниците на Зизу не примија гол ова лето.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе