Куп на Македонија

Академија Пандев во 93. минута победи на Чаир, Захов му подари реми на Работнички

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Академија Пандев со гол во 93. минута го победи Шкупи на негов терен со 1-0, голманот на Шкендија, Дино Захов направи голем кикс против Работнички, мечот заврши 1-1. 

Кога сите очекуваа реми без голови на Чаир, Ристе Темелков постигна гол во 93. минута и донесе победа на Академија Пандев на гостувањето кај Шкупи во првиот меч од четвртфиналето во купот.
 
Шкендија водеше против Работнички со гол на Жуниор уште во осмата минута, но во 35. минута голманот Дино Захов направи огромен кикс и му овозможи на Стојков да постигне гол за конечни 1-1.
 
Струга Трим Лук и Ренова одиграа без голови. 
 
Мечот меѓу Брегалница и Лабуништа се игра од 16:30 часот.
 
Реваншите се на 4 март.
 
Куп на Македонија четвртфинале:
 
Шкупи - Академија Пандев 0:1
Шкендија - Работнички 1:1
Струга ТЛ - Ренова 0:0
Брегалница - Лабуништа -:-

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе