Лига Европа

Академија Пандев со уште еден пораз од 3-0 го заврши деби настапот во Европа (ВИДЕО)

Академија Пандев не успеа да го поправи впечатокот во реваншот против Зрињски, на гостувањето во БиХ загуби одново со 3-0 и доживеа елиминација од Лига Европа со севкупен резултат од 6-0.

Академија Пандев нема по добро да го памети дебито во натпреварувањата под капата на УЕФА, избраниците на Тренчовски се елиминира од Зрињски во Лига Европа со севкупен резултат од 6-0.

Вечерва на гостувањето во БиХ, Академија Пандев одигра за нијанса подобро од првиот меч, но повторно загуби со 3-0.

Откако на полувреме се замина без голови, домаќините поведоа на стартот од вториот дел. По една убава акција, Мандиќ рутински реализираше од 6-7 метри за 1-0.

Во 79. минута се случи најубавиот момент на мечот. Говедарица од косо пласираше и со помош на стативата ја затресе мрежата за 2-0.

Во судиското надополнување, Гојковиќ само ја потврди разликата во квалитет и ги постави конечните 3-0.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе