Доколку ФФМ не го усогласи статутот со законот за спорт

Академија Пандев најави можно повлекување од Првата лига

Главниот координатор на Академија Пандев, Југослав Тренчовски во емисија на „360 степени“ најави повлекување на клубот од Првата лига доколку ФФМ не го усогласи статутот со законот за спорт на Македонија. 

ФФМ е единствената спортска федерација во Македонија која одбива да го усогласи својот статут со законот за спорт.
 
Голем дел од клубовите се гневни затоа што немаа свои луѓе во собранието, не можат да одлучуваат иако тие инвестираат во фудбалот. Наместо нив собранието е преполно со делегати кои речиси и не прават ништо во македонскиот фудбал освен што креваат рака кога треба да се гласа.
 
Поради таквата ситуација се повлече Кочо Анѓушев од Борец, а сега Горан Пандев преку својата „десна рака“, Југослав Тренчовски најави излегување од Првата лига доколкку ФФМ не го усогласи статутот со законот за спорт.
 
„Со нашиот газда, идол на сите во Македонија, веќе сериозно размислуваме со Академија Пандев да се повлечеме од актуелното играње во Првата лига, сѐ додека не се усогласи Статутот на ФФМ со Законот за Спорт. Последното Собрание на ФФМ (кога беше реизбран Муамед Сејдини – н.з.) е нелегитимно закажано и нелегитимно одржано, зашто поголем дел од клубовите не го поддржаа. Ние како клуб сакаме да се почитува нашиот глас, нашето право, а ако може ние како клуб да ги почитуваме сите закони во Македонија, тогаш мора и ФФМ да ги почитува сите законски акти, вклучувајќи го и Законот за спорт. Во моментов во актуелното раководство на ФФМ, само еден член од Управниот одбор има некаква релација со клуб и тоа е Добре Иванов со Силекс“, вели Тренчовски за „360 степени“.
 
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе