ПМФЛ

Академија Пандев му се реваншираше на Работнички за снежниот пораз

Академија Пандев со 2-0 го победи Работнички на „Тодор Проески“ Арената и му се раваншираше за поразот во Струмица на почетокот од пролетниот дел на сезоната. 

Фото: ФК Работнички
Неодамна Работнички во снежни улови ја победи Академија Пандев во Струмица, а сега дојде реваншот, Струмичани денеска ги освоија трите бода.
 
Работнички и Академија Пандев одиграа добар натпревар со повеќе шанси, два гола и промашен пенал.
 
Марио Крстовски во 12. минута и Кристијан Велиновски во 77. минута беа стрелците на головите за Академија Пандев.
 
Прелчец е трагичар во составот на Работнички, пред крајот на првото полувреме не реализираше пенал, а погоди и пречка.
 
Со оваа победа Академија Пандев се искачи ина деветата позиција, но останатите мечеви од колото се играат утре.
 
Утре од 15 часот играат: Борец - Беласица, Македонија ЃП - Силекс, Шкендија - Пелистер, Шкупи - Вардар, Струга ТЛ - Ренова.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Работнички

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе