По лошиот старт на сезоната

Академија Пандев ќе бара нов тренер, Таневски поднесе оставка

Поради лошиот старт на сезоната, Александар Таневски поднесе оставка од функцијата прв тренер на тимот на Академија Пандев. 

Фото: ФК Академија Пандев
По воведните пет кола во новата сезона, Академија Пандев има четири порази и само една победа. По синоќешниот загубен меч кај Борец, тренерот на струмичкиот тим, Александар Таневски реши даде оставка.
 
„Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев. По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера“, стои во соопштението на клубот.
И самиот Таневски преку социјалните мрежи ја потврди и ја образложи оставката.
„Како човек и како тренер имам свој морал и достоинство. Свесен сум за слабите резултати во овие пет кола а свесен сум и за слабата игра и очајното однесување на нашите фудбалери на вчерашниот натпревар против Борец и токму поради тоа мислам дека е морална обврска на секој прав човек и тренер да преземе одговорност и да поднесе оставка. Ги известив раководните лица за мојата одлука. Од денес не сум повеќе тренер на Академија Пандев“, стои во дел од изјавата на Таневски на својот фејсбук профил.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Академија Пандев

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе