ПМФЛ

Академија Пандев и Победа почнаа триумфално, порази за новите прволигаши

Академија Пандев со 2-1 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров, Победа со минимални 1-0 триумфираше над Беласица, Силекс и Шкупи одиграа нерешено 1-1.

Новите прволигаши, Македонија Ѓорче Петров и Беласица со порази ја почнаа сезоната во Првата македонска лига.
 
Академија Пандев поведе пред крајот на првото полувреме преку Стоилов, по само четири минути игра во вториот дел Тантуровски изедначи на 1-1. Кога се чинеше дека овој меч ќе заврши без победник, Дориев во судиското продолжение реализираше за 2-1 и старт со три бода за Пандевци.
 
Победа со гол на Набуезе Чиназорм во второто полувреме ја победи Беласица со минимални 1-0.
 
Силекс со гол на Луис Парфаит од пенал во 34. минута поведе против Шкупи со 1-0, но гостите со гол на Баже Илијоски исто така од пенал изедначија на 1-1.
 
Вчера во дербито Шкендија и Вардар одиграа 2-2, а Работнички со 3-4 беше поразен од Ренова.
 
Фото: ФК Шкупи

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе