Лига Европа

Ајнтрахт со гол од офсајд ја елиминираше Бенфика, Челси, Арсенал и Валенсија до нови победи (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лига Европа откако дома со 2-0 ја совлада Бенфика, Челси, Арсенал и Валенсија со нови победи го потврдија настапот во полуфинале.

Познати се полуфиналистите во Лига Европа, Челси ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт а Арсенал ќе игра против Валенсија.

Вечерва во реваншите, само Ајнтрахт ја надополни негативата и се пласираше помеѓу четирите најдобри откако со 2-0 ја совлада Бенфика. Домаќините поведоа со голот на Костиќ, кој беше едно метро во офсајд, ВАР нема во Лига Европа, па погодокот остана да важи и покрај тоа што гостите жестоко протестираа.

Домаќините до посакуваниот резултат стигнаа во 67. минута кога Роде погоди од врвот на шеснаесетникот.

Челси дојде до нова победа над Славија Прага, овој пат на домашен терен славеше со 4-3, Арсенал со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Наполи, а Валенсија пред своите фанови со 2-0 го совлада Виљареал.

 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе