Лига на шампиони

Ајакс направи нова сензација, го елиминира и Јувентус од Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Ајакс со 2-1 го победи Јувентус во Торино и направи ново големо изненадување во Лигата на шампионите, Барселона со убедливи 3-0 го совлада Манчестер јунајтед.

Ајакс повторно е во центарот на вниманието, холандскиот тим покажа дека доброто издание против Реал Мадрид не беше случајност, денеска го елиминираше и Јувентус.
 
Големо разочарување за Кристијано Роналдо и Јувентус, сонот за освојување на Лигата на шампионите ќе го остават за следната сезона веројатно со нов тренер.
 
А натпреварот почна добро за Јувентус, со гол на Кристијано Роналдо во 28. минута поведоа со 1-0, но брзо потоа Ван де Бек го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во второто полувреме се случи вистинска доминација на Ајакс, Холанѓаните имаа неколку убави шанси за гол, а погодокот дојде во 67. минута преку дефанзивецот Де Лихт.
 
Јувентус во второто полувреме немаше ниту еден шут во рамките од голот на Ајакс, заслужена елиминација на италијанскиот шампион.
 
Барселона лесно со 3-0 го победи Манчестер јунајтед, англискиот тим немаше сили за уште еден голем меч како оној во Париз.
 
Манчестер јунајтед добро тргна во мечот, по само 35 секунди игра Рашфорд имаше пречка. Во првите минути се играше пред голот на Тер Штеген но потоа се сменија работите.
 
Барселона доби пенал кој беше поништен со ВАР, судијата сметаше дека Фред не го удрил намерно Ракитиќ.
 
Но само неколку моменти подоцна Лео Меси со убаво пласирана топка донесе водство за Барселона од 1-0.
 
Само четири минути подоцна нов гол на Меси, овој пат поради огромен кикс на Давид Де Геа, веќе беше јасно кој ќе оди понатаму.
 
Во второто полувреме Кутињо даде убав гол за победа на Барселона од 3-0.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе