Лига на шампиони

Ајакс направи нешто кое им успеало само уште на Баерн Минхен и Реал Мадрид

По Мадрид и Торино, Ајакс вечерва го освои и Лондон, холандскиот тим игра брилијантно и дојде на само еден чекор до финалето од Лигата на шампионите.

Ајакс ги доби сите гостински натпревари во нокаут фазата од Лигата на шампионите, почна против Реал во Мадрид, па го совлада Јувентус во Торино, а вечерва беше подобар од Тотнем во Лондон.
 
Сите три гостински натпревари во нокаут фазата ги имаат добиено само уште два клуба, Баерн Минхен во 2012/13 и Реал Мадрид во 2017/18.
 
Во тие сезони и Баерн Минхен и Реал Мадрид ја освојувале Лигата на шампионите. Ако традицијата не биде прекршена...

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе