Три порази по ред на Бернабеу, на кралскиот клуб му е потребен ремонт

Ајакс му го зададе последниот удар на Реал Мадрид, „Кралот“ е во нокаут

Реал Мадрид три пати по ред е поразен на Сантијаго Бернабеу во три различни натпреварувања и за само седум дена успеа да ја загуби сезоната, на кралскиот клуб му требаат сериозни промени.

Три натпревари на Сантијаго Бернабеу, три порази и само еден даден гол. Тешки моменти за Реал Мадрид кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите. Кралот од врвот, тресна на дното.

Прво Барселона го победи Реал Мадрид со 3-0 и го елиминираше од Купот на Шпанија. Следуваше ново класико во кое Барса уште еднаш се радуваше во Мадрид, овој пат создаде недостижна разлика во Примера. Кулминацијата ја направи Ајакс кој денеска буквално ги демолираше момците во бели дресови победувајќи ги со 4-1 и исфрлувајќи ги од Лигата на шампионите.

Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо очигледно дека му недостасуваат на Реал Мадрид, но во тимот има шампиони кои знаат многу повеќе од тоа што го покажуваат оваа сезона.

Сантијаго Солари во брзо време треба да добие отказ и нема дилеми околу тоа, промените во Реал Мадрид треба да почнат уште пред да заврши сезоната, бидејќи таа веќе и онака е загубена.

Многу од играчите на Реал Мадрид кои беа главни алки минатите сезони, сега изгледаат очајно, критиките ги собираат сите, пред се Тони Крос, Герет Бејл и Лука Модриќ на кого очигледно му тежи Златната топка.

За посебна критика е капитенот, Серхио Рамос кој на првиот натпревар доби намерен жолт картон мислејќи дека работата со Ајакс е завршена, сакаше „жолтицата“ да ја одлежи на реваншот, па чист да влезе во четвртфиналето. Но таквиот понижувачки потег кон противникот му се удри од глава. Го остави Реал Мадрид да потоне без каптен на бродот.

Ерата на овој Реал Мадрид завршува тука, Флорентино Перез треба повторно да го одврзе ќесето, да донесе нов тренер и да направи сериозен ремонт во тимот. На „кралот“ му е потребна свежа крв.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе