Се откажал од многу милиони за да го облече дресот на Барса

Агуеро прифатил три пати помала плата за да игра со Меси

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Кун Агуеро во Барселона ќе има плата од 5 милиони евра по сезона, тоа е три пати помалку од она што во моментов го заработува во Манчестер Сити.

Кун Агуеро треба да биде прво или едно од првите засилувања на „каталонците“ ова лето. Се чека крајот на сезоната, односно финалето во Лигата на шампиони, за официјално да пристигне соопштение.

Кога беше најавен трансферот на Аргентинецот, медиумите пишуваа дека тој прифатил намалување на платата за да го облече дресот на Барселона.

Сега се откриваат повеќе детали, Кватро пишува дека Кун Агуеро на Камп Ноу ќе заработува 5 милиони евра по сезона, што е три пати помалку од она што го добива во моментов во Манчестер Сити (неделна плата од 250.000 фунти).

Напаѓачот на Камп Ноу ќе заработува помалку од минатогодишното засилување Дест (6 милиони евра) и малку повеќе од играчи како Педри, Араухо и Пуџ.

Кватро исто така додава дека пристигнувањето на Кун Агуеро значи и останување на Лео Меси, напаѓачот на Манчестер Сити сигурно нема да потпише доколку знае дека неговито добар пријател заминува.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе