Капитенот ја советувал управата да не потпишува со Аргентинецот

Агуеро можел да заврши во Челси наместо во Сити но Џон Тери ставил вето на трансферот

„Сините" биле во преговори за ангажман на Кун Агуеро пред Аргентинецот да потпише со Манчестер Сити, но зделката не се реализирала откако Џон Тери ставил вето на трансферот.

Кун Агуеро во 2011 ги засили „граѓаните“ за 45 милиони евра и стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити и еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата.

Медиумите од „островото“ сега пишуваат дека Аргентинецот можел да заврши во редовите на Челси, клубот од Стемфорд Бриџ бил сериозен во намерата и првиот контакт го остварил две години пред тој да се пресели на Етихад.

Во прв момент „сините“ се откажале но со Карло Анчелоти на кормилото, преговорите биле обновени. Сепак, тогаш замешал прсти капитенот Џон Тери кој ставил вето. Дефанзивецот, кој заедно со уште неколку играчи имале големо влијание, ја советувал управата да се откаже од зделката.

Џон Тери се решил на еден ваков потег бидејќи не бил задоволен од она што го видел, тој во два наврати го чувал Кун Агуеро во Лигата на шампионите и напаѓачот му создал малку мака.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе