Тотнем

Агентот открива како Тотнем го победил Манчестер јунајтед во трката по Бејл

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет објаснува како Тотнем стигнал до потписот на неговиот клиент, и вели дека реална е шансата фудбалерот да остане во клубот повеќе од една сезона. 

Најпрво Манчестер јунајтед се поврзуваше со Герет Бејл, тие беа и фаворити за неговиот потпис, но на крајот се појави Тотнем и тој заврши во клубот од Северен Лондон.
 
Агентот Џонатан Барнет на прашањето како Тотнем го победи Јунајтед вели дека немало некоја магија, но открива дека тој му го понудил Бејл на клубот.
 
„Во основа тоа беше конверзација меѓу претседателот на Тотнем, Даниел Леви и мене. Јас му го понудив Бејл и тој се заинтересира“, вели агентот.
 
„Во основа е тоа. Немаше некоја магија, само долги разговори“.
 
„Даниел Леви долго време беше заинтересиран да го врати Герет. Секогаш имаше причина зошто тоа не се случуваше. Но сега беше правиот момент. Тие ги победија другите затоа што први почнаа разговори“.
 
Бејл во Тотнем е на едногодишна позајмица, но агентот верува дека соработката може да се продолжи.
 
„Сигурен сум дека доколку работите се одвиваат добро, нема да имаме проблем соработката да продолжи. Ова е клубот во кој тој сака да игра. Не гледам проблеми за да остане тука уште една година“.
 
„Се надевам дека нема да се врати во Реал. Дека ќе биде успешен во Тотнем и дека ќе сака да остане и дека договорот ќе биде едноставен како и останатите“.
 
„Се надевам дека ќе се вљуби повторно во играта и ќе игра како што може, но зависи од него“.
 
„Не е на проба некаде. Тој има постигнато повеќе од било кој друг британски фудбалер во странство“.
 
„Според мене, не беше третиран коректно во Реал Мадрид. Мислам дека за некој кој му дал толку многу на клубот во тек на седум години требаше да има многу подобар третман. Не сакам да обвинувам никој. Мислам дека фановите не покажаа почит кон него, а клубот не помогна“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе