Иако трансферот се уште не е реализиран

Агентот на Пандев му честита на Наполи за Елмас, и препорачува и други македонски фудбалери

Иако трансферот на Елиф Елмас во Наполи се уште не е реализиран, агентот на Горан Пандев, Леонардо Корси му честита на италијанскиот клуб и има само пофалби за македонскиот фудбалер.

Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи иако остануваат уште неколку детали да се договорат за тој да биде комплетиран.
 
Агентот на Пандев, Леонардо Корси во италијанските медиуми предвреме му честита на Наполи за ангажманот на Елмас. Тој добро го познава и македонскиот фудбал.
 
„Тој е одличен фудбалер кој може уште многу да се подобрува. 99 годиште е и еден од најинтересните таленти во Европа. Знам дека многу клубови го посакуваа, па честитки за Наполи кој ќе потпише со него“, вели агентот Леонардо Корси за „Тутомеркатовеб“.
 
„Во средниот ред тој докажа дека поседува квалитет, иако може уште да напредува и во играта и во физичката градба. Во иднина може да стане еден од најинтересните играчи во Европа. Тој во Фенербахче покажа персоналитет, постигна гол во дербито. Игра без чувство на притисок а тоа е многу важно. И за националниот тим одигра добро иако може уште подобро“.
 
„Не е лесно да го споредам со некој. Би рекол Станковиќ но го нема неговиот шут. Тој е како Хамшик, но не би направил прецизна компарација. Во средниот ред со тројца тој не би бил Алан, не Фабиан Руиз, може би бил алтернатива за Зиелински“.
 
Леонардо Корси ги препорача Бобан Николов и Енис Барди како играчи од Македонија кои би можеле да играат во Серија А. Николов пред извесно време се поврзуваше со Бреша.
 
„Има и други фудбалери од Македонија подготвени за италијанскиот фудбал. Николов и особено Барди кој игра во Шпанија во Леванте. Тој има висок рејтинг и навистина го препорачувам“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе