„Дијамантот“ блесна синоќа со два гола против Словенија

Агентот на Елмас: Тој е еден од најталентираните играчи во Македонија, може да биде наследник на Пандев

По блесокот на Елиф Елмас против Словенија, се огласи агентот на фудбалерот кој порача дека „дијамантот" располага со раскожен талент, одличен карактер и може да биде наследник на Горан Пандев.

Елиф Елмас блесна синоќа на арената „Тодор Проески“ и со два гола ја предводеше Македонија до триумф над Словенија во значаен натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Неговиот агент, Џорџ Гарди денеска разговараше со медиумите од Италија, вели дека главен адут на Македонецот е тоа што може да покрие неколку позиции, а има и одличен карактер.

„Елмас бележи голем напредок. Главен адут му е тоа што може да одигра на неколку позиции. Синоќа играше зад напаѓачите, постигна два гола и многу е среќен“ - вели Гарди.

„Дали треба да добие ваква улога и од Анчелоти? Не сакам да му се мешам во работата на тренерот, тој најдобро знае на која позиција треба да го игра. Елиф покажа дека умее да покрие неколку позиции. Тој е модерен фудбалер, и модерните фудбалери мора да знаат да се снајдат во неколку улоги“.

„Сака да игра поблиску до противничкиот гол, но среќен е да одработи каква и да било задача која ќе ја добие од тренерот. Може да биде и новиот „реџиста“ на Наполи, особено доколку и Анчелоти е на иста бранова должина“.

Запрашан за изборот да се пресели во Наполи, и како се чувствува на југот на Италија, Гарди вели: „Тој е многу среќен, не очекуваше дека фановите се толку топли. Ужива доберба од сите и тоа го мотивира да даде повеќе и да стане уште подобар. Среќен е со изборот кој го направи, Анчелоти има голема заслуга за тоа што го одбра Наполи како следна дестинација“.

„Елиф Елмас е еден од најталентираните играчи од Македонија. Може да биде наследник на Пандев. Момчето има карактер, синоќешниот натпревар беше многу важен и сите видоа што направи тој, го реши мечот“.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе