Македонецот е среќен со новиот договор

Агентот на Елмас ја отфрла можноста за трансфер: Со нетрпение го чека стартот на новата сезона со Наполи

Агентот на Елиф Елмас, Џорџ Гарди вели дека Македонецот е среќен со новиот договор до 2025 година, и со нетрпение го чека стартот на новата сезона со Наполи.

Изминатиов период низ медиумите имаше гласини за враќање на Елиф Елмас во Турција, наводно играчот бил понуден на Трабзонспор а потоа и на Галатасарај.

Македонецот оваа недела стави потпис на нов договор и се обврза кон „наполитанците“ до 2025 година, а неговиот агент сега ја отфрли можноста за трансфер и порача дека „дијамантот“ со нетрпение го чека стартот на новата сезона со Наполи.

„Елиф и неговото семејство се среќени со новиот договор до 2025 година. Со нетрпение го чека стартот на новата сезона со Наполи. Се надевам дека следната сезона ќе биде многу важна за него и за клубот. Оценките за неговата прва сезона се позитивни, научи многу работи и оваа сезона ќе стартува со одредена предност. Секако, има да учи уште многу, но да не заборавиме дека се работи за момче родено во 1999 година“ - вели Џорџ Гарди за Радио Кис Кис.

За тоа каде се снаоѓа најдобро Македонецот, Гарди додава: „Елиф може да одработи неколку улоги. Гатузо може да го употреби на неколку позиции и во неколку разилични формации. За репрезентацијата на Македонија има играно и во нападот, но според мене, најдобро се снаоѓа во средниот ред“.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе