Агентот на Бејл му врати на Зидан

Агентот на Бејл: Срамен однос на Зидан

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет имаше што да каже по зборовите на Зинедин Зидан по мечот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Реал Мадрид со 3-1 загуби од Баерн Минхен во пријателски меч, а Герет Бејл не доби шанса за настап и покрај тоа што Французинот на теренот извади речиси два различни тима.
 
По натпреварот Зидан за Бејл рече дека колку побрзо си замине Велшанецот толку ќе биде подобро. На ова реагираше агентот на фудбалерот.
 
„Зидан е срам, тој не покажа почит за фудбалер кој направил толку многу за Реал Мадрид“, вели агентот Барнет.
 
Запрашан дали Бејл е блиску до заминување од Реал Мадрид, тој изјави: „Работиме на тоа“.
 
„Ако Герет Бејл си оди, тоа ќе биде затоа што тој сака така, а не затоа што Зидан или Реал Мадрид ќе го избркаат“.
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе