„Каталонците“ не се откажуваат од Аргентинецот

Агентите на Лаутаро Мартинез пристигнуваат во Милано да најдат решение со Интер за трансфер во Барселона

Според пишувањата на Спорт, агентите на Лаутаро Мартинез во следните денови ќе допатуваат во Милано и ќе се обидат да издејствуваат трансфер на Аргентинецот во Барселона.

Лаутаро Мартинез со месеци се најавуваше како наследник на Луис Суарез, се говореше дека играчот веќе се договорил со Барселона и останува уште само „каталонците“ да си подадат рака со Интер.

„Нероаѕурите“ постојано упатуваа на откупната клаузула од 111 милиони евра, сума која Барса нема намера да ја плати. Со доаѓањето на Роналд Куман, се говори дека Мемфис Депај е прва желба, а се пишуваше и дека Лаутаро Мартинез полека се предомислува поради одлуката на Лео Меси да замине.

Сепак, денешното издание на Спорт вели дека Лаутаро Мартинез останува цел број еден и во следните денови неговите агенти ќе пристигнат во Милано и ќе се обидат да издејствуваат трансфер.

Весникот додава дека ова ќе биде клучна недела, но и дека разликата е прилично голема. Барселона е подготвена да плати 65 милиони евра плус еден фудбалер, додека пак Интер бара минимум 85 милиони евра плус еден фудбалер.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе