Трансферот на Французинот на Камп Ноу е пред реализација

Адвокатот на Гризман пристигна во канцелариите на Ла Лига да ја активира откупната клаузула

Трансферот на Антоан Гризман во Барселона е пред реализиација, адвокатот на напаѓачот пристигна во канцелариите на Ла Лига за да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра.

Се ближи крајот на трансфер сагата на Антоан Гризман, се очекува во следните часови конечно да пристигне абер за неговата преселба на Камп Ноу.

Барселона се обиде да преговара со Атлетико, но клубот од Мадрид одби да прифати сумата да биде исплатена на неколку рати, па „каталонците“ имаа само една опција.

По неколку дена неизвесност, денеска адвокатот на Антоан Гризман пристигна во канцелариите на Ла Лига за да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра и да ја купи слободата на напаѓачот.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе