И покрај тоа што признаваат дека висината на головите била корегирана

АДСДП: Димензиите на головите беа според правилата на УЕФА, написите во медиумите штетат на спортот и државата

АДСДП кое стопанисува со Арената „Тодор Проески“ ги отфрла тврдењата дека е направен пропуст со димензиите на головите, но потврдува дека по реакција на Жозе Мурињо висината на пречката била корегирана. 

Акционерското друштво за изградба и стопанисување тврди дека димензиите се во рамките на правилата на УЕФА, но и покрај тоа висината била корегирана, тие ги обвинија медиумите дека со написите му штетат на спортот и на државата. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 
„АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена  „Тодор Проески’’. Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената  проверка,  од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на  натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот, висината  на двата гола веднаш беше минимално корегирана.
 
На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра.
 
Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа  ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.
 
АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот  и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето  на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди“, се вели во соопштението.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе