Македонецот еден од најзаслужните за прогресот во плеј-офот од ЛШ

Адеми со гол и асистенција го предводеше Динамо до убедлива победа среде Будимпешта (ВИДЕО)

Динамо Загреб со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Ференцварош и се пласираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, Аријан Адеми со гол и асистенција беше еден од подобрите поединци на „модрите".

Шампионот на Хрватска ќе има двомеч за влез во групната фаза од Лигата на шампионите, Динамо Загреб пружи одлична партија во Бундимпешта и славеше со убедливи 4-0 во реваншот со Ференцварош.

Домаќините се изборија за 1-1 на гостувањето во Загреб минатата недела, но вечерва не можеа да му парираат на разиграниот противник.

Резултатот го отвори Аријан Адеми, Македонецот одлично беше проигран од Олмо и без многу размислуваше биеше на прва со лева нога за 0-1 во 16. минута.

Мечот практично беше решен на стартот од вториот дел кога Петковиќ зголеми на 0-2, а во 55. минута Адеми му ја возврати услугата на Олмо и му асистираше на Шпанецот за 0-3.

Конечниот резултат го постави Гојак во 79. минута од средбаа. Победата на „модрите“ можеше да биде уше поубедлива, но Петковиќ во финишот промаши пенал.

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе