Лига Европа

Адеми и Ристовски во осминафинале, Славија го елиминираше Лестер (ВИДЕО)

Адеми и Ристовски помогнаа Динамо повторно да го совлада Краснодар и со вкупни 4-2 да го продолжи настапот во Лига Европа, Брендан Роџерс никако да обезбеди осминафинале, вечерва Лестер дома беше шокиран од Славија Прага.

Динамо Загреб продолжува со настапот во Лига Европа, вечерва „модрите“ повторно го совладаа Краснодар, со голот на Орсиќ по поливина час игра, стигнаа до триумф од 1-0 и се пласираа во следната рунда со вкупен резултат од 4-2.

Адеми и Ристовски одново беа стартери и одиграа цел меч против клубот од Русија.

Брендан Роџерс никако да обезбеди осминафинале во Лига Европа. Има по две елиминации во шеснаестфинале со Ливерпул (2012/13 и 2014/15) и Селтик (2017/18 и 2018/19) а вечерва и со Лестер го снајде иста иднина.

„Лисиците“ беа шокирани од Славија Прага, клубот од Чешка со 0-2 победи на Кинг Пауер Стадионот и продолжува со настапот во Европа.

Во осминафинале се пласираше и Јанг Бојс по победата од 0-2 на гости кај Баер Леверкузен, како и Динамо Киев кој со 0-1 триумфираше против Клуб Бриж. 

Рома со победа од 3-1 над Брага само го потврди билетот за следната рунда, а Олимпијакос со гол во финишот обезбеди резултат против ПСВ (2-1) доволен за осминафинале. 

Манчестер јунајтед против Реал Сосиедад беше единствениот натпревар на кој вечерва немаше голови, „ѓаволите“ одат понатаму откако со 0-4 ја добија првата пресметка.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе