Лига на шампиони

Адеми и Ристовски ќе играат во Лигата на шампионите, Динамо го помина Бодо/Глимт (ВИДЕО)

По 120 минути борба на Максимир, Динамо Загреб со 4-1 го победи Бодо/Глимт и со вкупни 4-2 се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.

Бодо/Глимт во Загреб отпатува со предност од 1-0 по првиот натпревар, па на Динамо Загреб му беше неопходна победа.
 
Мечот одлично почна за хрватскиот тим, по само четири минути игра со гол на Оршиќ поведоа со 1-0.
 
Во 35. минута Ристовски асистираше до Петковиќ кој со маестрален погодок зголеми на 2-0.
 
Но, во второто полувреме работите се променија, Бодо/Глимт нападна и дојде до гол преку Гронбек во 70. минута. 
 
Конечниот резултат од двата меча беше 2-2. Па се премна кон продолженија. Пред да почнат тие Ристовски и Адеми поради повреди мораа да бидат извадени од игра.
 
Кога се чинеше дека мечот ќе го решаваат пенали, Дрмиќ во 117. минута постигна гол за водство на Динамо Загреб од 3-1.
 
А во 120. минута по една контра гол даде и Бочкај и ги постави конечните 4-1.
 
Динамо Загреб со вкупни 4-2 се пласира по осми пат во групната фаза од Лигата на шампионите, првпат по три години пауза.
 
Останува во наредните денови да видиме колку се тешки повредите на Ристовски и Адеми и дали и колку ќе бидат надвор од теренот.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе