По сензационалната победа над Тотнем, апетитите на хрватскиот тим се зголемуваат. Историјата е испишана, Динамо Загреб е најдалеку досега во европското натпреварување, но можат ли и повеќе од тоа?
Виљареал е фаворит во четвртфиналната пресметка, но фаворит беше и тимот на Жозе Мурињо, па беше исфрлен од Лига Европа.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе бидат во стартниот тим, тие се многу важни алки од составот на хрватскиот тим. По успесите со репрезентацијата, нивната самодоверба е уште поголема во периодот кога кулминира клупската сезона.
Покрај дуелот меѓу Динамо Загреб и Виљареал, денеска се играат и натпреварите, Ајакс - Рома, Арсенал - Славија Прага и Гранада - Манчестер јунајтед.