Лига на шампиони

Адеми и Динамо до голем бод кај Шахтар, Мората му донесе победа на Атлетико против Баер (ВИДЕО)

Аријан Адеми со својот Динамо Загреб се враќа со голем бод од гостувањето во Украина кај Шахтар, Алваро Мората му донесе минимален триумф на Атлетико во пресметката со Баер Леверкузен.

„Модрите“ во претходните години беа топовска храна за противниците на Лигата на шампионите, но Динамо Загреб оваа сезона е тврд орев. Вечерва шампионот на Хрватска беше на прагот до победа на гостувањето кај Шахтар, но на крајот си замина од Украина со бод.

Домаќините поведоа со голот на Коноплјанка, но десет минути подоцна Олмо изедначи на 1-1. По еден час игра, гостите поведоа со погодокот на Оршиќ од пенал. Сепак, Шахтар избегна пораз во 75. мнута, Додо стрелаше за 2-2.

На вториот меч кој се одигра од 18:55 часот, Атлетико Мадрид пред своите фанови го совлада Баер Леверкузен со минимални 1-0. Стрелец на погодокот беше Алваро Мората во финишот од натпреварот.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе